Skip to content
Home » КОРИСНИЦИ

КОРИСНИЦИ

Фондација за локален развој и развој на информатички технологии (ФЛОРИТ) – Гевгелија е водечки партнер (LB) на проектот и е основанa во 2001 година. Со текот на годините, таа се здоби со големо искуство во имплементација на проекти во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Република Северна Македонија (4 проекти) и ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Република Северна Македонија (2 проекти). ФЛОРИТ ја покажа својата компетентност во успешно развивање и извршување на проекти за прекугранична соработка. Има тим од четворица висококвалификувани вработени кои поседуваат долгогодишно искуство конкретно во контекст на ИПА прекуграничните проекти. Понатаму, ФЛОРИТ исто така беше вклучен во спроведувањето на проекти финансирани од други донатори како што се UNDP и GIZ.

Американско земјоделско училиште (AFS), Солун, Грција, проектен партнер 2 (PB2) е институција во Солун која има големо влијание во земјоделско-прехранбениот сектор во Северна Грција. PB2 има долгогодишно искуство во проекти финансирани од ЕУ (Хоризонт2020), проекти финансирани од приватни донатори и имплементација на Проекти во рамките на регионалните и секторските оперативни програми. Некои од тековните проекти на PΒ2 се BioCircular за прецизно земјоделство, RawCheece за производство на сирење од кравјо млеко и други. PB2 има претходно искуство во ИПА Програмата за прекугранична сорботка Грција – Република Северна Македонија. Дополнително, располага со огромни ресурси кои можат да го поддржат спроведувањето на проектот. Конкретно, PB2 има специјализиран научен и образовен персонал, како и обемна едукативна фарма каде што може да се одвива практична обука.

Мрежата за рурален развој на Северна Македонија проектен партнер 3 (PB3) е основана во март 2010 година во Скопје. Има седум вработени и долгогодишно искуство во управување со проекти. Поточно, PB3 спроведува проекти од повеќе донатори како што се USAID, EU, GIZ, FAO, We effect, национални фондови итн. Таа е членка на Балканската мрежа за рурален развој, ELARD и Партнерство за рурална Европа. PB3 има искуство во управување со проекти бидејќи веќе има имплементирано проекти чија цел е рурален развој преку Проектот на USAID за адаптација на климатските промени во земјоделството. Понатаму, таа има длабоко разбирање за процедурите на ЕУ и нејзината логика за рурален развој, бидејќи е развиена и работи врз основа на методологијата LEADER.